Оваа боја е прогласена за боја на 2018 година


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


И оваа година, како и секоја претходна, американскиот институт за проучување на бои, Pantone, ја прогласи бојата на годината која ќе ја означи следната 2018 година.

Pantone овој пат ја прогласи интензивната нијанса на виолетова за боја која ќе не следи во 2018 година.

„Ултра Виолетова“ или „Pantone 18-3838“ е нијанса која оди кон постудениот спектар од виолетовата боја. Тоа е раскошна и провокативна боја, која асоцира на аристократија, богатство, но и на непрегледната вселена и спиритуалност.

Секоја година во декември, врз основа на проучувањата на дотогашните трендови, Институтот Пантон ја објавува бојата за следната година. Група експерти истражувала различни сфери на животот, од поп култура, мода, дизајн на производи, техника…и ја воочи појавата на нов тренд. Ултравиолетивата почнаа да ја користат бројни иновативни технолошки компании, се појави на саемот на автомобили во женева, па дури и на филтрираните фотографии на Инстаграм.

Претходно, во текот на 2017 година, Пантон креираше нова нијанса на виолетова боја, во чест на поп иконата Принс, која е многу слична на нијансата која е прогласена за боја на 2018 година.