Ова се петте неочекувани намирници кои важат СМРТ ЗА ЗАБИТЕ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нема личност која не сака да има блескава насмевка, но некои намирници потајно ги бојат нашите заби. За да го намалиме нивното негативно влијание потребно е да ги препознаеме и умерено да ги конзумираме, а по конзумирањето веднаш да ги измиеме забите.

Ова се главните виновници кои влијаат на промената на бојата на нашите заби:

Крекери

Кој би помислил дека и крекерите можат да бидат дел од оваа група?

Многу крекери се произведени од рафинирани јагленихидрати, кои се претвораат во шеќер и така стануваат извор на храна на бактериите кои ги бојадисуваат забите.

Балсамико

Обоениот течен зачин полн со киселина, кој со задоволство го додаваме во јадењата и салатите, за жал негативно влијае на белите заби. За да го намалиме штетното дејство, обидете се да ја намалите количината.

Киселите краставички

Лоша вест за обожователите на киселиот вкус. Токму киселината од краставицата може да го наруши изгледот и да предизвика промена на бојата на забите.

Кафето и чајот

Љубителите на кафето и чајот би можеле да завршат со жолти заби, а тоа особено важи ако претеруваат со уживањето во овие омилени напитоци.

Доматен сос

Доматот со својата киселина, но и интензивна боја може да предизвика темнеење и ерозија на забите.