Ова се најдобрите 25 натпревари во историјата на ЛШ – три меча на Милан во Топ 5!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во најновиот број на магазинот „4-4-2“ беше направено класирање на 25-те најдобри натпревари во историјата на Лига на шампиони, од нејзиното формирање во 1992 година.

Очекувано како најдобар е избран легендарното финале помеѓу Милан и Ливерпул во 2005 година, кога „црвените“ губеа на полувреме со 3:0, а потоа стигнаа до 3:3 и победија на пенали.

Уште два натпревари на „росонерите“ се во Топ 5 – финалето од 1994 година против дрим-тимот на Јохан Кројф и победата од 4:0 со легендарниот гол на Савичевиќ, а на 5-то место е победата на Депортиво над Милан со 4:0 во 2004 година.

Најдобрата петорка ја заокружуваат легендарното финале од 1999 година помеѓу Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед, како и историскиот пресврт на Барселона против ПСЖ и победата од 6:1 минатата година.

Ова се 25-те најдобри натпревари во Лигата на шампиони:
25. Динамо Загреб – Лион 1:7, 2011
24. Лидс – Штутгарт 4: 1, 1992
23. Интер – Шалке 2: 5, 2011
22. Борусија Дортмунд – Јувентус 3: 1, 1997
21. Хамбургер – Јувентус 4: 4, 2000
20. Барселона – Динамо Киев 0: 4, 1997
19. Интер – Арсенал 1: 5, 2003
18. Монако – Депортиво Ла Коруња 8: 3, 2003
17. Манчестер Сити – Монако 5: 3, 2017
16. Ајакс – Баерн Минхен 5: 2, 1995
15. Барселона – Интер 1: 0, 2010
14. Челзи – Ливерпул 4: 4, 2009
13. Челзи – Барселона 4: 2, 2005
12. Ливерпул – Олимпијакос 3: 1, 2004
11. Барселона – Манчестер Јунајтед 3-1, 2011
10. Реал Мадрид – Атлетико Мадрид 4: 1, 2014
9. Вердер Бремен – Андерлехт 5: 3, 1993
8. Борусија Дортмунд – Малага 3: 2, 2013
7. Јувентус – Манчестер Јунајтед 2: 3, 1999
6. Монако – Реал Мадрид 3: 1, 2004
5. Депортиво Ла Коруња – Милан 4-0, 2004
4. Милан – Барселона 4: 0, 1994
3. Манчестер Јунајтед – Баерн Минхен 2: 1, 1999
2. Барселона – Пари Сен Жермен 6: 1, 2017
1. Милан – Ливерпул 3: 3, 2005