Ова се двете најголеми желби на Спалети!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интер следната сезона ќе настапува во Лигата на шампиони, па Спакети сака значително да го засили тимот.

„Газета дело Спорт“ во денешното издание ги откри двете најголеми трансфер желби кои Спалети ги побарал од раководството.

Интер веќе донесе три засилување, Де Вриј од Лацио, Асамоа од Интер и аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез, па тренерот бара уште две засилувања за комплетирање на тимот.

Првата желба е ѕвездата на Фиорентина и италијански репрезентативец, Федерико Киеза. 20-годишниот офанзивен фудбалер е желба на сите големи клубови во Италија, а „вилетовите“ за неговиот потпис бараат 50 милиони евра.

Спалети смета дека Киеза ќе биде идеално засилување за неговиот тим, бидејќи подеднакво добро може да игра и како десно и како лево крило.

Втората желба на Спалети е играчот за врска на Тотенхем и белгиски репрезентативец, Дембеле. Белгиецот одби да го продолжи договорот со „спарси“, па ова лето сигурно ќе ја промени средината, но за неговиот потпис има голема конкуренција.