Милан е во проблеми, но се уште е магнет за фудбалери: Депај и Фелаини му кажаа ДА


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот гигант Милан се наоѓа во големи проблеми и му се заканува исфрлање од европските натпреварувања, конкретно од Лига Европа.

Меѓутоа, некои атрактивни имиња и понатаму се заинтересирани да го засилат Милан, без оглед на фактот што „росонерите“ следната сезона можно е да не играат во Европа.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Мемфис Депај и Маруан Фелаини веќе му кажале ДА на италијанскиот гигант.

Лион за потписот на Депај бара 40 милиони евра после одличната сезона, а планот на Милан е да го продаде Андре Силва, за кого се зинтересирани Монако и Вулверхемптон, и така да го финансира трансферот на Холанѓанецот.

Што се однесува до Фелаини, тој е слободен агент бидејќи му завршува договорот со Манчестер Јунајтед. Проблем за Белгиецот е големата плата. Имено, тој бара 6,5 милиони евра по сезона, додека „росонерите“ се спремни да му понудат 4,5 милиони евра, но преговорите се во тек.