Ова ретко се гледа: Фудбалер со две спектакуларни одбрани (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерот на Ростов, Евгениј Чернов на спектакуларен начин ја спаси мрежата на својот тим на мечот против Локомотив Москва, пишува Спортски.мк.

Чернов за само неколку секунди спаси два сигурни гола. Најпрво ја расчисти топката од гол-линијата, а потоа се фрли со телото и го запре шутот на фудбалерот на Локомотив.

Во двата случаи домашните навивачи веќе ја видоа топката во мрежата, но Чернов беше вистински херој бидејќи неговиот тим победи на гостувањето во Москва со 2:1.