Ова не е Hummer, ова е цела зграда (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шеикот на Виножито (познат како Шеик Хамад бин Хамдан Ал Нахјан) од Обединетите Арапски Емирати, е сопственик на најголемиот Hummer на светот, преголемиот „Hummer H1“ наречен „X3“.

Со нето вредност од приближно 20 милијарди долари и четири одделни музеи за автомобили во ОАЕ, Нахајан има афинитет да прави големи верзии на возилата што ги поседува.

Некои од другите возила на Шеикот вклучуваат масивен „Jeep“, огромен „Power Wagon“ и, се разбира, овој „Hummer H1“, пренесе Јутарњи.хр.

Креацијата е висока 6,6 метри, долга 14 метри и широка 5,8 метри.

„Hummer H1 X3 “целосно го оправдува своето име, бидејќи е три пати поголем од стандардниот „Hummer H1“.

Тој е целосно во возна состојба благодарение на дизел моторите на секое тркало, што значи дека користи и погон на сите тркала.

Внатрешноста на „H1 X3“ не е сосема совршено пресликана како надворешноста, но вклучува некои погодности како тоалет и мијалник.

Шеикот поседува и околу 3.000 други возила, кои обично се украсени со виножита, а се чуваат во џиновска пирамида среде пустина.

Џиновскиот „ Hummer “ моментално е изложен во „Off-Road“ историскиот музеј во Ал Мадам, ОАЕ, но веројатно може да се види и од вселената.