2021 година била катастрофална за чистиот воздух на планетава – ниту една земја не ги исполнила стандардите на СЗО


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според препораката на СЗО, просечните годишни отчитувања на малите и опасните честички, познати како ПМ2,5, не треба да надминуваат пет микрограми на метар кубен. Овие стандарди за чист воздух во 2021 година не ги исполнила ниту една земја во светот.

Ова го потврди студијата за загадувањето на воздухот во 6475 градови објавена денес, а смогот дури се зголемил во некои региони по намалувањето на загадувањето поврзано со пандемија на Ковид -19.

Според препораката на СЗО, просечните годишни отчитувања на малите и опасните честички, познати како ПМ2,5, не треба да надминуваат пет микрограми на метар кубен откако здравствената организација ги промени своите упатства минатата година.

Во соопштението на СЗО се вели дека дури и ниските концентрации на овие честички може да претставуваат значителен ризик по здравјето.

Само 3,4 отсто од анкетираните градови ги исполниле стандардите во 2021 година, според податоците собрани од швајцарската компанија за следење на квалитетот на воздухот „IQAir“. Во дури 93 градови нивото на ПМ2,5 честичките е десет пати поголемо од препорачаните вредности.

„Постојат голем број земји кои прават големи чекори во намалувањето на штетните честички“, вели Кристи Шредер, шеф на одделот за квалитет на воздухот на „IQAir“.

„Кина ја започна годината со многу големи бројки, но тие постепено се намалуваат со текот на времето. Но, има многу места во светот каде ситуацијата е многу полоша.“

Целокупното ниво на загаденост на воздухот во текот на 2021 година е влошено во Индија, а Њу Делхи останува најзагадениот главен град во светот, покажуваат податоците.

Бангладеш била најзагадена земја и тоа не е променето во однос на претходната година, а Чад го зазеде неславното второ место откако за првпат во студијата беа вклучени податоците за загаденоста на воздухот во таа африканска земја.

Кина, која води војна против загадувањето на воздухот од 2014 година, падна на 22-то место во 2021 година на скалата на загадувачи ПМ2,5 од 14-тото место претходната година, со просечни отчитувања малку подобрени на 32,6 микрограми во текот на годината, соопшти „IQAir“.

Градот Хотан во северозападниот кинески регион Ксинџијанг е најлош со просечни отчитувања на ПМ2,5 со повеќе од 100 микрограми, главно предизвикани од песочни бури. Хотан падна на третото место на листата на најзагадени градови во светот, пред Бхивади и Газиабад, двата во Индија