Ова е новото безбедносно возило во Формула 1


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот автомобилски ѕвер и официјално е именуван како ново безбедносно возило во Формула 1.

Новата сезона во Формула 1 започнува на 18 март во Бахреин, а за прв пат безбедносно возило ќе биде „Mercedes AMG GT Black Series“, додека за медицинско возило е избран „Mercedes AMG GT 63 S 4MATIC +“.

Тие со гордост објавија дека емисијата на штетни гасови на овие два автомобили е екстремно ниска, а на приложените фотографии кои ги објави Мерцедес, може да се види како изгледаат двата споменати автомобили.

„Mercedes-AMG GT Black Serie“ своевремено стана најбрзиот сериски автомобил на познатиот Нирбургринг.

„Mercedes-AMG GT Black Series“ е придвижуван од 4.0 твин турбо бензински „V8“ мотор со 730 КС и 800 Nm, а од 0 до 100 км/ч достигнува за 3,2 секунди и може да достигне максимална брзина од 325 км/ч.