Оценка на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори: Демократски процес, но евидентни притисоци и купување гласови


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Изборниот процес беше демократски, имаше натпреварувачка кампања во која беа испочитувани основните слободи, но негативната реторика и извештаите за заплашување на кандидатите и притисок на гласачите, потенцијално го уназадија процесот.

Вака набљудувачката мисијата на ОДИХР го опиша вториот круг од локалните избори. Според ОДИХР, кај нив стигнале извештаи за притисок на гласачи , вклучително и јавни службеници, да гласаат за одредени кандидати.

– Негативната реторика влијаеше негативно на кампањата. Постојано имавме пријави, некои од нив беа и забележани за притисок на гласачите меѓу кои и на јавни функционери, за да гласаат за одредени конкуренти, односно кандидати, како и притисок на кандидатите. Имаше и наводи за купување гласови. Иако беа отворени неколку истраги, политичката реакција не беше силна и не беа преземени чекори за превенција. – изјави Тана де Зулуета, шефица на Мисијата на ОДИХР.

Според ОДИХР кандидатите требаше еден ден пред вториот круг да поднесат финансиски извештај за донациите кои ги примиле. Иако повеќето кандидати се придржувале до условот за поднесување на извештаи, тие не биле објавени пред денот на изборите, па не беа обелоденети информации за финансирање на кандидатите во вториот круг со што се намали транспарентноста.

ОД ОДИХР велат и дека меѓу неколкуте недостатоци е и начинот на кој што се ракуваше и со приговорите и на оштинско и на централно ниво и тоа ги лиши некои гласачи од правото на глас и го поткопа правото на ефективно решавање на проблемите. Проблемите со апаратите за биометриска идентификација се повторија, броењето гласови беше транспарентно, но со големи разлики во почитувањето на воспоставените процедури.

Од ОДИХР велат дека ДИК го прошири периодот за акредитација за набљудувачи за сите организации кои сакаа да го набљудуваат вториот круг, меѓутоа одлуките не беа доследно објавувани со што се наруши целиот процес на транспарентност.