Иницијативата „Отворен Балкан“ продолжува без Заев – тој не оди во Белград


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот премиер во оставка (која Собранието сè уште ја очекува да биде доставена) Зоран Заев, кој синоќа најави повлекување од премиерската функција поради изборниот дебакл на СДСМ на локалните избори, нема да оди во Белград на 3 и 4 ноември, како што првично беше планирано, на состанокот на иницијативата „Отворен Балкан“, соопштија за Танјуг од канцеларијата на македонскиот премиер.

-Господинот Заев нема да дојде во Белград со оглед на политичката ситуација, велат од кабинетот на Заев за „Танјуг“.

Оттаму додаваат дека на средбата во Белград ќе биде претставена Северна Македонија, а денеска или утре ќе биде одреден друг политички претставник.

Првично беше планирано македонскиот и албанскиот премиер Зоран Заев и Еди Рама да ја посетат Србија на 3 и 4 ноември, на средба за иницијативата „Отворен Балкан“.