Home Вебкафе Откритие кое сите ги изненади: Од калта се издигна 3.000 години стар Рамзес

Откритие кое сите ги изненади: Од калта се издигна 3.000 години стар Рамзес

Tим од египетски и германски археолози, во кал од подземни води, во сиромашниот дел од Каиро, открија осум метри висока статуа која најверојатно го претставува обожаваниот фараон Рамзес II.

Египетското министерство за старини соопшти дека станува збор за едно од најважните откритија воопшто. Статуата, веројатно направена од кварцит, е пронајдена во близина на рушевините од храмот на Рамзес, во древниот Хелополис, кој денес се наоѓа во источниот дел од Каиро. Археолозите речиси се сигурни дека станува збор за Рамзес II.

Рамзес II е најславниот и најмоќен фараон од древен Египет, кој владеел од 1279 до 1213 година пред нашата ера. За време на неговото владеење Египет се простирал од Сирија до Нубија.

Храмот на Сонцето во Хелиополис, во чија близина е откриена статуата, бил еден од најголемите во Египет, а бил уништен во грчко-римскиот период. Многу од неговите обелисци се преместени или во Александрија или во Европа, а камените блокови се украдени или искористени за изградба на Каиро.

Ако се потврди дека станува збор за Рамзес II, кипот ќе биде поставен пред Големиот египетски музеј чие отворање е предвидено за 2018 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…