Home Спорт Откриено зошто Манчестер Јунајтед не сака да го продаде Марсијал

Откриено зошто Манчестер Јунајтед не сака да го продаде Марсијал

Францускиот напаѓач, Антони Марсијал цело лето беше на излезна врата од Манчестер Јунајтед, но на крајот на големо изненадување остана на „Олд Трафорд“.

Марсијал не е задоволен од својот статус и минутажата која ја добива па инсистираше да ја пормени средината, дури и Мурињо даде зелено светло за трансферот, но раководството на „црвените ѓаволи“ одби да го стори тоа.

Сепак, во Јунајтед имаат многу добра причина зошто не сакале да го продаваат Марсијал.

Имено, кога го донесоа францускиот напаѓач од Монако во летото 2015 година за 60 милиони евра, во договорот е вметната и една клаузула. Според неа, „црвените ѓаволи“ ќе треба да му дадат 50% од сумата на Монако при идна продажба на напаѓачот.

22-годишниот Марсијал нема намера да го продолжи договорот со Јунајтед, па изгледно е дека ќе го напушти клубот следното лето како слободен агент.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…