Откриено кој го предизвика инцидент на „Енфилд“ (видео)


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Ливерпул вчера стигна до 8-та победа во Премиер лигата и тоа со голот на Милнер од пенал во 95-та минута.

Сепак, по завршувањето на мечот имаше проблеми на теренот во кои учествуваа фудаблерите на двата тима, па за малку беше избегната физичка пресметка.

По мечот Брендан Роџерс изјави дека Енди Робертсон ги провоцирал неговите фудбалери, меѓутоа снимката од трибините покажува поинаку.

Проблемот го направи Адам Лалана, кој се обиде да ја земе топката, а потоа го турна Каспер Шмајхел и уште неколку фудбалери на „лисиците“.