Откриени сите детали од новиот договор на Меси!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Готово е, навивачите на Барселона повеќе не треба да стравуваат бидејќи Лионел Меси ќе остане верен на каталонскиот клуб каде пред 16 години пристигна како 12-годишно дете.

Меси ќе потпише нов договор со Барселона пред својот 30-ти роденден, а шпанските медиуми денес ги открија сите детали. Новиот договор ќе трае до јуни 2021 година, а Аргентинецот потоа ќе може да одлучи дали да ја заврши кариерата или да остане во Барселона уште една година.

Во договорот постои одредба дека последната година од договорот Меси нема да може да игра за ниту еден друг клуб, што значи дека секако ќе ја заврши кариерата во Барса. Тогаш Меси ќе има 33 години, па доколку не сака да се пензионира автоматски ќе му се продолжи договорот со Барса на уште една година.

Но, Барселона не е единстената страна која има причини за задоволство. Имено, Меси и неговите застапници успеаа да издејствуваат плата од неверојатни 30 милиони евра нето.

„Мундо Депортиво“наведува и дека е договорена нова астрономска клаузула за обештетување. Претходната изнесуваше 250.000.000 евра, а сега ќе биде дури 400.000.000 евра. Инаку, актуелниот договор на Меси со Барселона истекува во летото 2018. година, а овој новиот од него ќе направи најплатен фудбалер во историјата на каталонскиот гигант и еден од најплатените играчи во светот.