Актуелно

Откриена причината за ладнокрвното убиство во Велес

Градот Велес се уште е во шок од грозоморното убиство што се случи во раните утрински часови на 16 август, кога Спасе Вељанов упадна во домот на соседите и со токмак го уби соседот и им нанесе тешки повреди на неговата сопруга, ќерка и син.

Спасе Вељанов (47), главниот осомничен за убиството, е во притвор. Неговите соседи Најдови, наместо да се подготвуваат за свадбата на синот закажана за во септември, по погребот на таткото, во исчекување се дали и мајката ќе преживее од тешките повреди, пишува МКД.мк.

Сите нивни пријатели и соседи велат дека воопшто не ни помислиле дека малите недоразирања меѓу соседите можат да прераснат во вакво грозоморно дело.

Од она што неофицијално може да се дознае, мотивот на Спасе на 16 август во 2 часот по полноќ да го земе токмакот и да влезе во куќата на Најдови била настрешницата. Најдови се подготвувале за свадбата и поставиле настрешница во дворот од куќата. Од покривот на настрешницата, при врнење на дожд, водата одела во дворот на Вељанов. Тој решил со овој проблем да се справи со токмак и да ги нападне соседите на спиење.

Соседите велат дека Вељанов бил повлечен човек, без жена и деца. Одреден период живеел во Австралија, но се вратил. Работел како обезбедување во хотелот „Романтик“, но и таму не се задржал долго.

Она што изненадува е ладнокрвноста на стореното дело и неговата објава на сопствениот фејсбук профил дека го сторил делото, дека ги убил „своите монструми и монструмите на целото општество“.

Спасе на 16 август прво ја скршил влезната врата од куќата на неговите соседи, влегол во собата каде спиела ќерката и ја удрил со чекан по глава. Во тој момент во собата влегле родителите на девојката, па Спасе со чеканот го удрил по главата таткото, кој подоцна починал, па удрил по мајката, влегол братот на починатиот и сопругата, па и тие добиле тешки телесни повреди.

СВР Велес поднесе кривична пријава за сторени кривични дела „убиство“ и „убиство во обид“ против С.В. осомничен за убиство на неговиот сосед и телесни повреди на уште 5 лица.

Извор/Фото: МКД.мк

Advertisements
To Top