Home Спорт Откиена главната трансфер цел на Милан за следната сезона

Откиена главната трансфер цел на Милан за следната сезона

Милан во зимскиот преоден рок беше активен и донесе две големи засилувања, но до последниот ден беше во потрага по крилен напаѓач.

Леонардо преговараше со Караско и Деулофеу, но не успеа да донесе крилен напаѓач, што ќе биде приоритет на клубот во летниот преоден рок.

Италијанските медиуми пренесуваат дека прво име на списокот е холандскиот репрезентативец Мемфис Депај.

Депај игра одлично во дресот на Лион каде на 97 меча постигна 33 гола и запиша 37 асистенции. Меѓутоа и самиот потврди дека на крајот на сезоната сака да направи нов чекор во кариерата.

Милан наводно веќе стапил во контакт со неговите агенти, но проблем може да биде високата цена на фудбалерот. Лион сигурно нема да го пушти Депај за сума помала од 50 милиони евра, додека „росонерите“ се спремни да платат 40 милиони.

Во секој случај, медиуми на Апенините се сигурни дека Милан ќе направи се за да го донесе Депај на „Сан Сиро“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…