Оштетените штедачи од Еуростандард бараат државата целосно да им ги обештети пропаднатите пари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Штедачи од Еуростандард банка кои имале над 30.000 евра во банката бараат државата целосно да ги обесштети, а потоа парите да си ги земе од стечајната маса.

„Лопови“, „Нема правда нема мир“, „Вратете ги парите“, „Која е следна банка?“, се паролите кои ги носат на протестот што се одржува пред Собранието.

Тие бараат политичките парии со кои претходно комуницирале да го исполнат ветувањето и да донесат закон за нивно обесштетување.

Преку Фондот за осигурување на депозити штедачите се обештетени до законската сума од 30.000 евра, додека 780 штедачи со поголеми заштеди , според законот, ќе треба да ги добијат парите од стечајната маса.

Револтираните штедачи велат дека нема да престанат да протестираат и ако треба нема да се тргнат од пред Собранието се додека не им се одговори од барањето.