Организаторот официјално кабает за хаосот кој настана пред финалето од Лигата на шампионите во Париз


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Истрагата на овој случај утврди дека вината лежи во низата грешки и пропусти кај организаторот.

Во извештајот на Сенатот се вели дека навивачите на Ливерпул, кои првично беа посочувани како главни виновници за хаосот, застојот и доцнењето на финалето, а против кои беа употребени солзавци, се неправедно обвинети и дека организаторите на мечот направиле грешки на секое ниво.

Истрагата ја воделе две комисии кои собрале докази од претставници и на навивачите на Ливерпул и на клубот, како и од официјални лица кои биле задолжени за организацијата.

Навивачи на англискиот тим посочија дека проблемите настанале поради неправилно работење на дигиталните билети, а работите биле дополнително влошени поради штрајкот на железницата, што довело до дополнителни гужви пред стадион.

„Секој си отиде по својот пат без да има вистинска координација“, изјави Лорен Лафон, еден од двајцата претседатели на истрагата.

Како доказ пред сенатската комисија минатиот месец, министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин призна дека работите можеле подобро да се организираат и се извини за употребата на солзавец.

Но тој изјави дека навивачите на Ливерпул се во голема мера виновни и се пожали дека 30-40.000 навивачи пристигнале на стадион без билети или со фалсификат.

Според УЕФА, на 28 мај во Париз кога Реал го совлада Ливерпул, имало 2.700 лажни билети.

Инаку локалните власти имаа малку време да се подготват за финалето, кое поради руската агресија во Украина, беше преместено од Санкт Петербург во Париз.