411 нови случаи на Ковид-19 во Македонија во последните 24 часа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонија во последните 24 часа забележа 411 нови случаи на ковид-19 од направени 1.153 тестови, соопшти Министерството за здравство.

Половината од новите случаи се во Скопје – 208, потоа следат Битола – 33, Куманово – 26, Прилеп – 21, Велес – 16, Струмица – 14, Кавадарци и Штип – по 13, Гостивар – 11, Тетово – 10, Кичево – 8, Кочани – 7, Неготино – 5, Струга – 4, Крива Паланка и Валандово – по 3, Ресен, Радовиш, Делчево и Демир Хисар – по 2, Охрид, Гевгелија, Свети Николе, Берово, Богданци, Македонски Брод, Демир Капија и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (411), регистрирани се 88 реинфекции.

Регистрирани сe 210 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Нема починати ниту од Регистарот од Мој Термин.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 317.140, бројот на оздравени пациенти е 305.712, на починати е 9.337, а бројот на активни случаи изнесува 2.091

Во последните две недели почна да расте бројот на позитивни случаи на ковид 19, но интересот за вакцинација е мал.

Актуелната состојба и растот на бројот на позитивни случаи на ковид ќе биде тема на состанокот на Комисијата за спречување заразени болести в петок.

Оттаму велат дека ја следат состојбата, но дали ќе има нови рестриктивни мерки за да се спречи нов бран, ќе се знае по состанокот.