Организаторот го откажа финалето од изборот за Мис на светот – девет убавици позитивни на Ковид-19


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Финалето од натпреварот за Мис на светот во Порторико е откажана откако неколку натпреварувачки и членови на нивните тимови биле заразени со корона вирусот.

Овие мерки се преземени за зачувување на здравјето и безбедноста на другите учесници, членовите на тимовите и домаќините, а организаторите наведуваат дека настанот ќе се одржи за 90 дена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miss World (@missworld)

– На ден пред изборот 9 натпреварувачки се позитивни, како и голем број членови на нивните тимови – се наведува во соопштението.

Девојките и членовите на тимовите биле тестирани редовно, на секои три дена. На вчерашното тестирање неколку членови на тимовите имале позитивни ПЦР тестови, поради што од денеска се во изолација. Изборот се одложува за 90 дена. Некои од девојките ќе останат во карантин и во наредните 10 дена, а дел ќе се вратат дома – соопштиле организаторите.