Home Актуелно Собранието го усвои буџетот за 2022 година

Собранието го усвои буџетот за 2022 година

Власта останува на ставот дека буџетот е развоен и насочен за помош на граѓаните и стопанството во услови на криза, додека опозицијата дека и овој план е потврда за недомаќинско работење со парите од граѓаните.

За владејачката СДСМ планираните проекти се од интерес за граѓаните и треба да продолжат политиките кои, според нив, ќе резултираат со излез од кризата и поголем економски раст. За ВМРО-ДПМНЕ неприфатливо е да се трошат пари за непродуктивни цели во услови на здравствена, економска и енергетска криза.

Предлог буџетот е вреден 4,4 милијарди евра и според проекциите дефицитот ќе надмине половина милијарда евра. Планирани се 615 милиони евра за капитални проекти.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…