Европски ланци на супермаркети ќе престанат со продажба на говедско месо од Бразил заради уништување на Амазонската прашума


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Холандската гранка на германскиот ланец супермаркети Лидл најави во средата дека од следната година повеќе нема да продава говедско со потекло од Јужна Америка, додека други ланци планираат да повлечат од понудата одредени производи од мелено говедско месо. Овој потег е своевидна реакција на интензивното сточарство со расчистувањето на Амазонската прашума во Бразил.

Многу спорни производи се поврзани со бразилската ЈБС СА, најголемиот произведувач на место во светот.

Најголемиот ланец супермаркети во Холандија Алберт Хејин, подружница на холандскиот малопродажен џин Ахолд Делхаизе, повеќе нема да набавува говедско во Бразил. Портпаролката на компанијата кажа дека во моментов продаваат многу мали количества говедско од бразилско потекло.

Аухан Франс исто така од своите полици ќе ги отстрани производите од говедско поврзани со ЈБС. Белгиската гранка на француски Карфур и Делхаизе повеќе нема да продава протеински стапчиња од говедско.

Џеј Саинзбери Плц, подружница на британски Сеинзбери ќе престане да набавува јунешко од Бразил, напоменувајќи дека уште сега 90 отсто од говедското месо набавува во Британија и Ирска.

Бојкотот е одговор на истражувањето на бразилската публикација Репортер Бразил во која се наведува дека ЈБС индиректно купувал крави од нелегално исечените делови од прашумата, попознато како „перење стока“.

Поимот се однесува на продажба на стока одгледана на незаконски расчистено земјиште на фарми кои потоа ги продаваат на кланици за да се прикрие нивното вистинско потекло.

Од ЈБС за Ројтерс соопштиле дека не го толерираат нелегалното сечење на шумите и дека блокирале повеќе од 14 илјади доставувачи поради непочитување на политиката на нивната компанија.

Истакнаа дека следењето на недиректните доставувачи во ланецот, кои му претходат на крајниот продавач на стока на кланицата, е предизвик за целиот сектор, додавајќи дека во 2025 година ќе се воведе систем на ефикасна контрола.

Бразилскиот произведувач на месо кажа дека во истражувањето на Репортер Бразил се спомнуваат само 5 од 77 илјади директни доставувачи на ЈБС кои, како што тврди, во моментот на купување ги почитувале неговите насоки.

Расчистувањето на шумите во бразилска Амазонија, најголемата тропска прашума во светот, е интензивирано откако десничарскиот претседател Жаир Болсонаро ја презема должноста во 2019 и ги укина мерките за заштита на животната средина, порачувајќи дека планира да ги засили земјоделството и рударството за да се извлечат од сиромаштијата.

Сечењето на шумите годинава достигна највисоко ниво во 15 години, а повеќето расчистени подрачја се користат токму за одгледување стока.