Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Секој кој некогаш бил во врска во која повторно постојано се раскинува и се смирува, со партнерот или партнерката, знаат дека таквите врски можат да бидат многу исцрпувачки. Новото истражување покажува дека и ваквите врски го зголемуваат ризикот од депресија и анксиозност.
Причината за тоа е што во овие т.н. „On-Off“ врски комуникацијата е лоша, а нема ниту доволно посветеност меѓу партнерите.
Новата студија која ангажираше околу 500 луѓе кои моментално се во врска, ги следеше нивните емоции. Октрија дека тие кои често раскинуваат, па се смируваат се склони на развој на депресија и анксиозност.
Експертите истакнуваат дека ваквите врски неопходно е да се лоши, но важно е барем да анализирате зошто постојано ви се случува тоа.
„Не е секогаш лошо ако паровите често раскинуваат и се смируваат. Поточно, во некои случаи, раскинувањето може да им помогне на партнерите да сфатат колку врската им е важна, да допринесат до поздрав и попосветен однос“, вели професорот по човечки развој, Кејл Монк.
„Од друга страна, партнерите кои рутински раскинуваат и се смируват поради тоа можат да почувствуваат негативни последици. Би требало поради тоа да размислат зошто толку често го прават тоа, да сфатат што се случува“.
Така што, ако често го правите ова, многу е важно да разговарате со партнерот зошто тоа се случува. Уште поважно е притоа да бидете потполно искрени, за да утврдите што е точната причина и можеби да преземете неопходен чекор во иднина да не доаѓа до такви ситуации.
Монк советува паровите внимателно да ги запишуваат причините кои постојано предизвикуваат проблеми во врската, искрено да разговараат за причините за раскинување, да се преиспитаат дали причините се добри поради кои ја продолжуваат врската или станува збор за навика, страв од самотија…
Тој истакнува дека на луѓето не треба да им биде непријатно кога ставаат точка на врска која станала токсична.
„Запаметете дека е сосема во ред да прекинете токсична врска. На пример, ако не гледате како би можеле да ја поправите врската, немојте да чувствувате грижа на совест поради раскинувањето. Направете го тоа за општо добро и за вашето ментално здравје“, советува Монк.