Home Шоубизнис Омилениот Мерцедес од мистер Бин оди на продажба

Омилениот Мерцедес од мистер Бин оди на продажба

Славниот британски комичар и актер Рован Аткинсон толку многу го обожава моделот 500Е на Марцедес, што поседува два исти примероци од него. Еден од нив, деновиве, популарниот мистер Бин го пушти на продажба.

Аткинсон има два исти автомобили Мерцедес 500Е, кој важи за автомобил со незаменливи квалитети на спортски и луксузен автомобил.

Тој важи за колекционер на познати автомобили , па многумина се зачудија кога пред неколку месеци ги продаде Ланчиа Тема 8.32 со мотор V8 на Ферари, како и едниот од двата Мерцедеси 500Е. Сега на ред за продажба дојде и вториот од нив. станувба збор за примерок од 1991 кој е купен нов.

Актерот го чувал четири години , па го продал , а во 2017 повторно го купил . Сега автомобилот оди на аукција на 25 мај. Автомобилот поминал 310.000 километри.

Произведен е во Порше, со 5.0 V8 мотор со 326 Кс. Од 0-100км/час постигнува за 5,9 секунди , со максимални 250км/час.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…