Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Околу 25.000 млади луѓе во Шпанија се собраа на голема прослава на отворено за да го одбележат почетокот на студентската година и покрај забраната за одржување вакви настани, соопшти шпанската полиција.
На снимките на социјалните мрежи се гледа како учесниците танцуваат и пијат алкохол во петокот во просторот помеѓу зградите на кампусот Сиудад Универзитарија во Мадрид, објави весникот Ел Паис.
Слична прослава со 8.000 учесници се одржала и во кампусот на Автономниот универзитет во Барселона, објави Ла Вангуардија.
Младите го прославија собирањето по повод почетокот на зимскиот семестар. Прославите на отворено со многу алкохол, кои во Шпанија се викаат „ботејонес“, се забранети, а пиењето алкохол во јавност може да заврши со парични казни.
Во Шпанија, ноќниот живот сè уште е под ограничувања поради пандемијата ковид-19.
Мадридската полиција соопшти дека немала доволно полицајци за да ја растера толпата, така што последните учесници на забавата си заминале од забавата дури во саботата наутро.
Единаесет тинејџери биле медицински третирани поради труење со алкохол.
Додека факултетите се обидуваат да воспостават чувствителни безбедносни мерки за да ја вратат наставата во живо на универзитетите, истовремено се одржуваат масовни забави во паралелен свет, се пожали професорот Хесус Перез Хил на Твитер.
Ситуацијата со коронавирусот во Шпанија сега е релативно стабилна со мал број на нови инфекции, ситуацијата во болниците се смирува и вакцинацијата напредува.