Официјално: Тиери Анри е нов тренер на Монако!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тоа што се најавуваше изминатите денови денес доби официјална потврда – Тиери Анри е нов тренер на Монако.

Ова за легендарниот Французин ќе биде прва самостојна тренерска работа, а во Монако доаѓа како замена за Жардим кој неодамна доби отказ од коримилото.

Тиери Анри ќе ја преземе функцијата во понеделник, кога ќе го одработи и првиот тренинг со тимот. Асистенти на 41-годишниот Французин ќе му бидат Жоао Траљо и Патрик Ампадо. Првиот беше тренер на младинскиот тим на Бенфика, а вториот доаѓа од школата на Арсенал.

„Прво сакам да му се заблагодарам на Монако што ми даде шанса да бидам тренер на овој тим. Многу сум среќен што повторно сум дел од Монако и ќе се исправам пред сите предизвици кои не чекаат“, изјави Анри.