Официјално претставена серијата Galaxy S20 – Ultra моделот доаѓа со камера од 108 мегапиксели


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Технолошкиот гигант Samsung, на голема радост на своите нетрпеливи обожаватели и посветени корисници, официјално ја промовираше серијата Galaxy S20 која сите ја чекавме со нетрпение.

На настанот Unpacked во Сан Франциско се претставени новите смартфони на Samsung.

Како што се шпекулираше, новиот назив на Samsung e S20, наместо S11. Јужнокорејската компанија ги претстави трите модели: стандардниот S20, поголемиот S20 Plus и моќниот S20 Ultra. Сите три поддржуваат 5G мрежа, пренесува Кајгана.

Стандардниот Galaxy S20 има 6,2-инчен Super AMOLED Infinity-0 екран WQHD+ резолуција (3.200х1.400 пиксели, 563 ppi) и формат 20:9, широка камера од 12 MP, телефото камера од 64 и ултраширока камера од 12 MP. Уредот може да снима и видео во 8K формат.

Камерата поддржува 3х оптички и 30х дигитален зум кој од Samsung го нарекуваат Space Zoom. Исто така, опциите Ultra Bright Night овозможува да се направат фантастични фотографии и во ноќ. Селфи камерата има 10 MP.

Го напојува издржлива батерија од 4.000 mAh и процесор Exynos 990. Поседува 12 GB RAM, 128 GB интерна меморија, а поддржува мемориска картичка до 1TB.

Уредот е отпорен на вода и прашина по IP68 стандардот и користи оперативен систем Android 10.

За разлика од стандардниот модел, Galaxy S20 Plus има 6,7-инчен екран, поголема батерија од 4.500 мAh, додатна ToF камера на задната страна и неверојатна интерна меморија од 512 GB.

На врвот на понудата е моќниот Galaxy S20 Ultra со 6,9-инчен Infinity-o Dynamic Super AMOLED екран, 12 GB RAM и 128 GB интерна меморија, односно 14 GB RAM и 512 GB интерна меморија.

Уредот доби батерија од 5.000 mAh која е супериорна во однос на другите модели.

Она што е исклучително важно е тоа што моделот Ultra има револуционерни камери, главната широка камера има 108 MP. Телефото камерата има 48 MP, ултрашироката камера има 12 плус ToF камера.

Моделот Ultra може да снима 8К видео, а има 10х оптички и 100х дигитален зум. Напред е фантастичната широка предна камера од 40 MP со која може да се снима 4К видео.