Сончев четврток


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес, четврток, 13 февруари, во земјава ќе имаме сончево време, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната температура од пет до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Утринската температура ќе достигне до минус три степени, а дневната температура до 11 Целзиусови степени. Во Маврово 5 степени, Охрид и Битола 10, Крива Паланка и Берово 8, Кавадарци 13, Дојран 15.

Под влијание на влажен бран во петок ќе има пообилни врнежи од дожд, а на планините од снег. Од вечерните часови услови за повремен снег ќе има и на повисоките места. Преку ноќта и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 5до 12 степени.

Од недела дневните температури ќе бидат во пораст.