Home Спорт Официјално: Интер два меча без публика, Наполи без Инсиње и Кулибали!

Официјално: Интер два меча без публика, Наполи без Инсиње и Кулибали!

Дисциплинската комисиј на Серија А ги изрече казните за контроверзните настани кои се случија синоќа за време на дербито помеѓу Интер и Наполи.

Имено, за време на натпреварот имаше расистички скандирања на адреса на дефанзивецот на Наполи Кулибали, што предизвика голем скандал на Апенините.

Поради тоа Интер е казнет следните два натпревари на „Џузепе Меаца“ да игра без публика, а на третио меч ќе биде затворена само трибината за навивачите.

Кулибали кој заработи црвен картон поради иронично аплаудирање кон судијата Мацолени доби два натпревари суспензија.

Два натпревари суспензија и 10.000 евра казна доби Инсиње кој го навредувал судијата за време на мечот против Интер.

https://twitter.com/calciomercatoit/status/1078307438552600577

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…