Home Спорт Официјално: Еве кој ќе го замени Лопатеги на клупата на Шпанија!

Официјално: Еве кој ќе го замени Лопатеги на клупата на Шпанија!

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Рубијалес денес му врачи отказ на селекторот Лопатеги, иако играчите беа против тоа.

Оваа одлука беше донесена откако Лопатеги вчера официјално потврди дека од следната сезона ќе го предводи Реал Мадрид.

Тоа во сојузот го сфатија како големо предавство на стратегот кој пред само 20 дена го продолжи договорот со репрезентацијата на Шпанија на уште две години.

Иако првично се тврдеше дека Лопатеги ќе го наследи Алберт Селадес, актуелниоит тренер на младата репрезентација, сепак Шпанија на Мундијалот ќе ја води Фернандо Јеро.

Легендарниот играч на Реал Мадрид беше спортски директор во репрезентацијата, а сега ќе ја води од клупата „црвената фурија“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…