ТРИ КЛУЧНИ ПОТЕЗИ ЗА ПРВИОТ СОСТАНОК: Се согласувате ли?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Веќе знаете дека под идеален состанок момците не подразбираат излегување во кино, но никогаш не би погодиле на кои три потези паѓаат како „крушки“. За тоа открива Метју Хаси, автор на прирачникот „Get the Guy“.

Мобилниот телефон оставете го во чантата и не го вадете цела вечер

О, да, апстиненција од испраќање пораки и постојано проберување дали некој ве побарал ќе ви донесе многу бодови кај потенцијалното момче. Така ќе му покажете дека слушате се што ви зборува и дека единствено интересно нешто ви е тој.

Вие го бирате следното кафуле

Момците од време на време сакаат да одморат од функцијата организатор на излегувања. Тоа што вие го предлагате е следна дестинација за вашето излегување малку ќе се намали притисокот кој тој сигурно го чувствува, па ќе биде поопуштен од состанокот. Тоа што го наведувате да се опушти покрај вас, за него е доста секси.

Зборувајте му за типот кој вчера ви се додворувал во теретаната

И се додека станува збор за граер на кој случајно сте налетале и не се работи за ваш некогашен дечко, вашиот соговорник сака да слушне за тоа. Се прашувате зошто? Со тоа, имено, му порачувате дека им се допаѓате и на другите момци, и тоа прилично суптилно.