Home Спорт Официјално: Чех најави крај на блескавата кариера!

Официјално: Чех најави крај на блескавата кариера!

Легендарниот голман Петр Чех ќе стави крај на кариерата по завршувањето на сезоната.

Чех, кој наскоро ќе наполни 37 години реши да стави крај на својата 20-годишна кариера. Во моментов тој е член на Арсенал, но најдобрите денови од кариерата ги помина во Челзи.

Со „синиот“ дрес Чех четири пати беше шампион на Англија, а исто така ги освои и Лигата на шампиони и Лига Европа.

„Ова е 20-та сезона како професионален фудбалер и 20 години од потпишувањето на мојот прв договор. Чувствувам дека сега е вистинскиот момент да ставам крај на кариерата. Веќе 15 години сум во Премиер лигата каде освоив се што можеше да се освои и сметам дека постигнав се“, истакна Чех.

https://youtu.be/k2Y560w_S0E

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…