Home Актуелно Официјална дозвола за легално одгледување на канабис во Холандија

Официјална дозвола за легално одгледување на канабис во Холандија

Со официјална дозвола добиена од холандската влада, десет општини во Холандија веќе можат легално да одгледуваат канабис.

Ова е експериментално, а идејата е да се проценат „влијанијата врз криминалот, безбедноста, јавниот ред и здравствените прекршувања“, се вели во изјавата на владата.

Марихуаната ќе се одгледува во текот на следните четири години, при што општините учествуваат во експериментот за контрола на производството и дистрибуцијата до местата за купувачите.

Уште во 1976-та година, Холандија дозволила продажба на помалку од 5 грама канабис, а законот дозволил секој граѓанин да порасне до пет стебленца за приватна употреба.

Одгледувањето и продажба на големо на марихуана сепак е забрането, поради што околу 600 сопственици на т.н. „coffe shops“ се принудени да ја купуваат лесната дрога од криминалци за да се задоволи побарувачката.

Поради оваа причина, владата ќе ги избере одобрените производители на канабис и ќе се осигура дека има доволно сорти од растението. Целта на властите да нема никакво количество на марихуана која доаѓа од нелегалната мрежа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

10 работи што само љубителите на црвено вино ќе ги разберат

10 работи што само љубителите на црвено вино ќе ги разберат Со доаѓањето на топлите летни …