Актуелно

Одложено рочиштето за „Титаник 2“ – Мендух Тачи „морал“ да оди на прослава во Тирана

Судското рочиште за случајот под ингеренции на СЈО, „Титаник 2“, беше одложено поради барање од обвинетиот Мендух Тачи, бидејќи „морал“ да оди на прослава за албанското знаме во Тирана. Поради тоа во Кривичниот суд од затворот Шутка, не беше спроведен ниту притворениот Сашо Мијалков, пренесува Телма.

Поранешниот директор на УБК денеска требаше прв пат да се појави во Кривичниот суд по притворот, откако не беше спроведен ниту за рочиштето за предметот за „Таргет-Тврдина“ затоа што судот не стасал да испрати наредба за негово спроведување од Истажниот затвор во Шутка.

Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Advertisements
To Top