Home Спорт Одложен натпреварот Селта – Реал Мадрид!

Одложен натпреварот Селта – Реал Мадрид!

Поради безбедносни причини, натпреварот помеѓу Селта Виго и Реал Мадрид, кој требаше да се игра утре, ќе биде одложен, пренсуваат шпанските медиуми.

Градоначалникот на Виго, Абел Кабалјеро по извршената инспекција на градските власти обелодени дека стадионот „Балаидос“ не е доволно сигурен за да може натпреварот непречено да биде одигран.

Имено, за викендов на територијата на Шпанија се најавуваат обилни врнежи на дожд, а во случајот на „Балаидос“ постојат оправдани сомнежи околу сигурноста на овој стадион, поради што е донесена одлука воопшто да не се ризикува, а дуелот да биде закажан за нов датум, што дополнително ќе биде одреден.

„Кралевите“ денес не отпатуваа за Виго откако им беше соопштена веста, а дополнително треба да биде потврден датумот за одигрување на овој меч.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…