Home Вебкафе ОДЛИЧНИ ТРИКОВИ: Разладете го автомобилот за неколку секунди!

ОДЛИЧНИ ТРИКОВИ: Разладете го автомобилот за неколку секунди!

Неколку едноставни трикови ќе ви помогнат температурата во вашиот автомобил да се спушти и до десет степени и тоа за многу брзо време!

Пеколно жешкиот автомобил не е само непријатен кога треба да влезете и да се возите во него, туку може да биде и опасен за живот. Колку и да ви се брза, имајте на ум дека нема никаде да стигнете ако срцето ви откаже од неверојатниот шок. Затоа, почекајте, добро изладете го автомобилот и дури тогаш седнете во него.

Со едноставен трик до 10 степени помалку

Има едноставен трик кој најбрзо ја лади прегреаната внатрешност на возилото. Прво, спуштете го прозорецот кај совозачот и затворете ја вратата. Потоа вратата од кај возачот отворајте и ја затворајте ја повеќе пати. И тоа е тоа! Ќе видите дека за брзо време температурата во возилото ќе падне и до десет степени.

Превентивни мерки

Во текот на летото, добро е на седиштето да ставите некаков памучен материјал. Така, ќе ви биде поудобно да седнете, а чувството на жештина сигурно ќе биде помало. Исто така, добра идеја е кога паркирате на сигурно место, да ги оставите малку подотворени прозорците за воздухот да може да циркулира.

Има уште еден трик како кога ќе се фатите за воланот, тој да не биде екстремно жежок. Имено, само кога го оставате возилото, замотајте го воланот на спротивната страна. Кога ќе се вратите, само заротирајте го додека не се врати во почетната положба, па така најжешкиот дел ќе ви остане долу.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…