Home Актуелно Од утре за влез во Србија задолжителен ПЦР негативен тест за македонските граѓани

Од утре за влез во Србија задолжителен ПЦР негативен тест за македонските граѓани

Македонија е во групата на држави за чии граѓани од утре стапува на сила условот за поседување негативен ПЦР тест не постар од 48 часа за влез во Србија. Истото правило за влез во нашиот северен сосед важи и за жителите на Хрватска, Бугарија и Романија.

Таа одлука ќе важи од утре, 15 август и нема да се однесува на српските државјани кои доаѓаат од територијата на тие земји, изјави епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ по седницата на Кризниот штаб.

Таа додаде дека пропишаниот период од 48 часа започнува да тече од моментот на издавање на сертификатите од страна на лабораториите.

Кисиќ Тепавчевиќ посочи дека таквата одлука е донесена врз основа на проценка на епидемиолошката состојба, како и врз основа на трендот на заболување од коронавирусот.

Таа изјави дека е донесена одлука од утре да не важат рестрикциите за граѓаните на Црна Гора во однос на влегувањето во Србија.

Денес Црна Гора најави укинување на забраната за влез во таа земја за српските државјани, а директорот на Институтот за јавно здравје на Црна Гора , Бобан Мугоча, изјави дека услов за влез во Црна Гора, најверојато, ќе биде негативен тест за коронавирус.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…