Од ноќеска на сила стапува одредбата за скратен полициски час од полноќ до 4 часот наутро


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со најновата одлука на Владата на предлог на Комисијата за заразни болести, се намалува полицискиот час, и од вечерва на полноќ ќе трае до 4 часот наутро. Со одлука на Владата работното време на угостителските објекти се продолжува до до 23:30 часот, но само на летните тераси.

Исклучок се угостителските објекти на аеродромите во Скопје и Охрид и делот за исхрана за гостите во хотелите, мотелите и пансионите за лицата сместени во нив.Со задолжително почитување на протоколите за работа, од вчера со работа започнаа и фитнес клубовите, спортските центри, салите за вежбање и игротеките. Спортските настани ќе има но без физичко присуство на публика. Инвент настаните ќе се организираат со 30 проценти исполнетост на капацитетите внатре и до 50 проценти исполнетост на отворениот простор.

Владата ја укина забраната за користење на годишни одмори за здравствените работници и одлучи да се зголеми бројот на деца во градинките и тоа бројот на деца во воспитните групи до 2 години да се зголеми на 15, а кај групите од 2 до 6 години на 20 деца.

Поради намалениот број пациенти со Ковид-19 од вчера изутрина се затворени ковид – центрите на клиниките за кардиологија, за ОРЛ, за очни болести и Институтот за физикална терапија, соопшти Министерството за здравство. Од почетокот на неделава без ковид – пациенти се и Клиниките за урологија и Пластична хирургија кои веќе почнаа со редовен хируршки програм. Во петок ќе се затвори и ковид – центарот на Клиниката за трауматологија, а од понеделник и Клиниките за ортопедија и за трауматологија почнуваат со редовните операции. Затворени се и дел од ковид – центрите во другите градови.

Според последните податоци од Институтот за јавно здравје, регистрирани се 150 нови случаи со Ковид-19 и 16 починати од кои најмладиот е 50-годишен скопјанец, а регистрирани се 487 оздравени пациенти. Во моментот на инфективните одделенија низ државата се лекуваат 649 пациенти со Ковид-19, а 900 болнички кревети се празни.

Спред Министерството за здравство имунизацијата, се одвива непречено на сите пунктови низ државата, интересот за вакцинација се зголемува. На веб платформата vakcinacija.mk. 318.793 граѓани изразиле желба да примат вакцина простив кодид-19. Вчера пристигнаа и шест илјади дози вакцини против Ковид-19, донација од Владата на Република Унгарија.