Грција ги отвора границите за Македонците – од утре можен влез со овие докази

Нашиот јужен сосед Грција од утре, 14 мај 2021 година, го отвора граничниот премин Евзони за сите граѓани на Македонија, објави на својот „Фејсбук“ профил премиерот Зоран Заев.

Граѓаните кои ќе имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцини против Ковид-19 или позитивен резултат за антитела, ќе можат непречено да одат кај нашиот јужен сосед. Ова беше договорено на денешната средба на премиерите на двете држави, Заев и Мицотакис,

„Имавме одлична работна средба со премиерот на Грција, Мицотакис. Ме извести дека почнувајќи од утре, 14 март 2021, се отвора граничниот премин Евзони за сите граѓани на Северна Македонија кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против КОВИД-19 или позитивен резултат за антителa“, напиша на фејсбук премиерот Зоран Заев.

Тој е во Грција на Економскиот форум Делфи.