Актуелно

Од ноќеска на полноќ поскапуваат горивата

Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 2,76 отсто во однос на цените од 1 февруари.

Еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 ќе поскапат за 1,5 денари за литар, а еуродизел (Д-Е В) и екстра-лесното масло за домаќинство за денар. Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,448 денари за килограм и тој ќе се продава за  32,884 денари за килограм.

Новите максимални цени на нафтените деривати ќе бидат: моторен бензин еуросупер БС-95 ќе чини 62,50 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе се продава за 64,50 денари за литар, еуродизел (Д-Е V) за 53 денари, а цената на екстра-лесното масло (ЕЛ-1) ќе изнесува 42 денари за литар.

Од РКЕ соопштуваат дека во изминатите 7 денови референтните цени на светските берзи во просек се зголемени и тоа: бензинот за 5,317 отсто, дизелот за 5,308 отсто, екстра-лесното масло за 5,596 отсто и мазутот за 5,613 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,666 отсто.

To Top