Од елитна населба до „гробница“ за луксузни вили


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бурж ал Бабас е населба во Турција која изгледа како гробница за мали дворци. Проектот е замислен како ексклузивна населба со вили изградени во готски стил, но плановите се изјаловиле и сега од целиот проект се останати еден куп гротескни вили кои на едно место, заедно, видени оддалеку (па и одблиску) изгледаат и по малку морбидно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Burj Al Babas (@burjalbabasthermalresort) on

Во проектот кој за целна група имал главно клиенти од странство и странските пазари, беа вложени над 203 милиони долари, а сега стои во место, како и многу други градежни проекти во Турција, пренесува Fast Company. Проектот првично беше замислен како населба со 732 вили, хотели, џамија и јавни површини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Burj Al Babas (@burjalbabasthermalresort) on

Изградбата започна во 2011 година, а за вилите главно беа заинтересирани Арапи. Меѓутоа, нештата се искомплицираа кога против инвеститорот беше покрената тужба за наводно уништување на околните шуми и фрлање на отпад во околината. Во 2016 година беше започната истрага, а пред проектот да биде завршен, компанијата која беше инвеститор прогласи банкрот и продажбата на вилите беше запрена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KargaMustafa (@kargamustafa) on

250 од вкупниот број на вили се завршени со изградба, а судот сега дозволи продолжување на продажбата, пренесува Hurriyet Daily News. Инвеститорите се надеваат дека успеат да ја надминат кризата за четири до пет месеци. „Се надеваме на пуштање на населбата во функција во 2019 година“, велат тие.

Инаку, населбата од почетокот го привлече вниманието на јавноста, но беше мета и на бројни критики поради изгледот на вилите за кои локалните жители негодуваа дека не се во склад со изгледот и стилот на традиционалните куќи и населби од тој крај.