Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со одлука на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) Тел Авив ќе биде град домаќин на 64. издание на „Евровизија“.
По неколкумесечни преговори, организаторите велат дека го избрале Тел Авив, а не Ерусалим, заради инфраструктурата и можностите што ги нуди. Финалето ќе се одржи на 18 мај 2018 година, а полуфиналињата се закажани за 14 и 16 мај, во Експо центарот во Тел Авив.
-Сакаме да им се заблагодариме на сите израелски градови што се вклучија во трката за домаќин на „Евровизија 2019“ и на националната телевизија КАН што ни помогна да направиме темелна проценка пред да донесеме конечна одлука. Сметаме дека Тел Авив го нуди најдоброто решение за најголемиот музички фестивал. Возбудени сме што фестивалот ќе се случува во нов град и се радуваме што ќе работиме со КАН за да ја направиме следната „Евровизија“ најспектакуларна до сега – изјави Јон Ола Санд, претседателот на ЕБУ.
Израелските медиуми пишуваат дека Тел Авив е избран од безбедносни причини.