Home Актуелно Обраќање на Зоран Заев: Очекувам Иванов да ми го додели мандатот за формирање Влада

Обраќање на Зоран Заев: Очекувам Иванов да ми го додели мандатот за формирање Влада

Никола Груевски никогаш повеќе нема да биде премиер. Се докажа дека Груевски нема мнозинство за влада. ВМРО ДПМНЕ и официјално ја изгуби можноста за формирање влада, изјави Зоран Заев, претседателот на СДСМ, на прес-конференција по вчерашниот неуспех да се формира нова влада меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.

Демократските процеси се почнати и Македонија мора да оди напред. Очекувам Иванов да ми го додели мандатот за формирање на влада. Се друго е кршење на Уставот и на законите. Граѓаните избраа промени, рече Заев.

Нова влада што ќе ја одразува мнозинската волја на сите граѓани, влада што ќе обединува, а нема да дели. Потребна е одговорна влада, која ќе води реални политики и ќе не приближи кон ЕУ и НАТО. Ние сме подготвени за влада што ќе ги спроведе договореното во Пржино и препораките на Прибе и извештајот на ЕК. Таа влада ќе гарантира дека сите граѓани ќе имаат еднакви права и обврски. Новата влада ќе обезбеди општество во кое сите граѓани ќе бидат еднакви. Македонија е созреана за нови совесни и реални политики, нов начин на водење на државата во интерес на граѓаните, рече Заев.

На прашањето дали имаат обезбедено парламентарно мнозинство, Заев рече дека тоа е еден од следните чекори.

Убеден сум дека ќе формираме парламентарно мнозинство, изјави тој.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…