Home Шоубизнис Обожавателите ја запукаа Хурем Султан заради едиторијал за руското издание на магазинот Hallo

Обожавателите ја запукаа Хурем Султан заради едиторијал за руското издание на магазинот Hallo

Популарната актерка Меријем Узерли на Инстаграм објави неколку фотографии за руското издание на популарниот магазин Hello, на чија насловна страница се најде овој месец.

Нејзините обожаватели се разочарани од нејзиниот потег, особено затоа што нејзината најголема улога е улогата на личност родена во Украина – султанката Хурем.

„Појавувањето во руски магазин сега не е нешто со што треба да се гордеете, напротив треба да се срамите“, „Додека цел свет ја поддржува Украина, вие правите реклами за Русија. Срам да ви е“, „Дали парите се повеќе важно од животот на децата?“, се дел од коментарите на Инстаграм.

Многу актери се жалеа дека таа цело време молчи за ситуацијата во Украина, но некои веруваат дека нејзиниот молк кажува се` и дека „сега го покажа своето вистинско лице“.

„Зарем не би било правилно да ѝ ја покажете вистината на вашата публика – руски симпатизери чии мозоци главно се испрани од пропаганда? Ме растажува затоа што мајка на две деца молчи додека Русите ги гранатираат породилиштата во Мариупол“, додаде еден следбеник. .

Инаку, актерката последниве години се посвети на мајчинството и се уште се занимава со актерство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …