Облачна и студена ноемвриска недела


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Времето во Македонија денеска, недела, 27. ноември, ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни попладне и во вечерните часови, кога заради заладувањето ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.

На планините снежната покривка ќе се зголеми, а снежна покривка ќе се формира и на повисоките места особено во западните делови.

Во Скопје облачно од пладне со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе достигне до 5 Целзиусови степени, Маврово -1, Охрид 6, Битола 4, Крива Паланка и Берово 3, Кавадарци 7, Дојран 9.

Утрео во утринските часови на места ќе провејува снег. Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 1 до 10 степени.