Home Актуелно Облачен и студен четврток со врнежи од дожд и снег

Облачен и студен четврток со врнежи од дожд и снег

Времето во Македонија денеска, четврток, 26. јануари, ќе биде облачно и студено со врнежи од снег, а само во некои пониски места од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните и источните делови.

На планините висината на снежната покривка ќе се зголеми, а нова ќе се формира и во некои од пониските места. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 3, а максималната ќе достигне од 0 до 4 Целзиусови степени.

Во Скопје облачно и студено со врнежи кои попладне и во текот на ноќта кон петок повремено ќе преминуваат во снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 3 степени.

Утре попладне и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има врнежи претежно од снег со послаб интензитет.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…