Home Актуелно Облачен и дождлив вторник

Облачен и дождлив вторник

И денеска Македонија претпладне ќе имаме облачно време со врнежи од дожд, особено во источните делови каде ќе бидат пообилни. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите ќе престануваат, но ќе се задржи облачно, освен во крајните западни делови каде ќе има делумно намалување на облачноста. Ќе дува слаб ветер, претежно од источен правец.

Во Скопје облачно, во утринските часови со врнежи од дожд и дневна температура од 8 Целзиусови степени. Маврово 2, Охрид 6, Битола 5, Крива Паланка 4, Берово 3, Кавадарци 7, Дојран 9.

Утре времето ќе биде претежно облачно, понекаде со кратки сончеви периоди, локално во планинските подрачја ќе провејува слаб снег. Кон крајот на денот во јужните делови ќе има врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Во Скопје претежно облачно.

Дневните температури ќе се движат од 1 до 8 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…