Објавени најлошите лозинки користени во 2019 година


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во деветтиот по ред годишен извештај „Worst Rasswords List“, компанијата SplashDаta ги објави најлошите лозинки користени во 2019 година откако прегледала над пет милиони лозинки онлајн.

Компанијата ги рангираше најлошите лозинки и прикажа нивните позиции во споредба со минатата година (стрелката покажува за колку места горе или долу лозинката се поместила според употребата во однос на предходната година).

На прво место и понатаму е „123456“, а следува „123456789“. Скок од шест места остварила лозинката „qwerty“ која беше многу популарна минатата година, додека во Топ 10 листата се најде и лозинката „123123“.

SplashData истакнува дека и покрај големиот број на пробиени податоци, излагање на кориснички логин и други приватни податоци онлајн и понатаму се забележува дека огромен број на чуѓе користат вообичаено лоши лозинки.

Ова се 10 најлоши лозинки во 2019 година (со статусна позиција во однос на нивното минатогодишно место на оваа листа):

123456
123456789 (↑ 1)
qwerty (↑ 6)
password (↓ 2)
1234567 (↑ 2)
12345678 (↓ 2)
12345 (↓ 2)
iloveyou (↑ 2)
111111 (↓ 3)
123123 (↑ 7)