Развојот на вештачката интелигенција во следната деценија ќе ги фрли во заборав овие професии


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Развојот на вештачката интелигенција кој зема сè поголем замав, во следните десет години ќе фрли во заборав многу од професиите кои денес ги работат живи луѓе, велат прогнозите на Меѓународното кинеско радио (CRI).

Промената ќе ги зафати и некои професии кои моментално се безбедни. Најчесто тоа ќе бидат професиите кои се занимаваат со финансии и финансиско советување, преведување и транспорт.

Реално е дека работниот пазар константно се менува. Пред само неколку години, за наплатување услуга беа потребни луѓе, од аеродром, железници, супермаркети, гаражи па сè до наплатни рампи на автопатите.

Денес плаќањето се реализира по пат на апарати и паметни телефони.

Покрај тоа, во наредните десет години и возачите, преведувачите, новинарите, луѓето кои се занимаваат со услужување на клиенти, туристички водичи, библиотекарите – како професии ќе заминат во заборав, пишуваат од Меѓународното кинеско радио (CRI).